Стипендии на француската влада за студии во Франција [fr]

Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер или Докторат.

Приоритетот ќе им биде даден на студиите во области кои не постојат или се недоволно развиени во земјава.

Стипендијата ги покрива животните, како и трошоците за школарина во Франција во период од максимум 9 месеци, вклучувајќи го и здравственото осигурување. 
Статусот стипендист на француска влада им овозможува и други предности на стипендистите.

Краен рок за пријавување: 30 април 2016

Зошто да студирате во Франција?

  • Заради високиот квалитет на француското високо образование и наука
  • Франција располага со еден од најдобрите високообразовни системи во светот. Бројот на Нобелови награди и Филдсови Медали доделени на француските научници го потврдува квалитетот на универзитетите и француските истражувачки центри во различните области како што се физиката, математиката, економијата... Таа го зазема 5-то место на рангирање според Шангајската листа, со 21 високообразовна институција, од кои четири во првите 100. 18 мастери во областа на менаџментот во рангирањето на Financial Times се издаваат од француските специјализирани школи за трговија.
  • Француските успеси на полето на технологијата и индустријата во секторите за вселенски истражувања, транспорт, нуклеарна енергија, телекомуникации и дигитални науки се плод на квалитетот на студиските програми на француските универзитети и високите елитни школи.
  • Франција, отворена и привлечна земја за студенти и научници
  • Франција е трета земја во светот според прием на странски студенти. 295 000 студенти ја избрале Франција или 7% од вкупниот број на странски мобилни студенти во светот.
  • Политиката на еднаков третман на француските и странските студенти придонесува за атрактивноста на Франција. Трошоците за школарина во државниот сектор се многу ниски и сите студенти ги уживаат истите социјални права без разлика на нивното потекло: здравствено осигурување, помош за сместување итн.
  • Да се студира во Франција : адут за професионална кариера 
  • Студирањето на француски универзитет е привилегирана можност да се добие одлично образование, да се запознае друга култура на личен и професионален план и да се научи или усоврши францускиот јазик. Сето ова придонесува студентот да се здобие со идеален профил за влегување на пазарот на трудот било во неговата родна земја, било во некоја друга земја од огромниот франкофонски простор на петте континенти.

Потребни документи за пријавување:

  • - Пополнето барање за стипендија ;
  • - Потврда дека кандидатот конкурирал на Мастер или Докторат (Кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или копија од остварена кореспонденција со францускиот универзитет. Стипендијата се активира по добивањето на официјален документ за прием).
  • - Копија од диплома и уверение за положени испити со заверен судски превод на француски јазик;
  • - Две препораки од професори;
  • - Писмо за мотивација во кое кандидатот треба да ги изнесе своите видуваwа за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето по враќањето во земјата;
  • - Потврда за познавање на францускиот јазик;
  • - Биографија (Curriculum vitae);
  • - Една фотографија.

    Некомплетните барања нема да бидат разгледувани.

По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор.

Целосната документација, во два истоветни примероци од кои еден на француски и еден на македонски јазик, треба да биде доставена во предвидениот рок во Одделот на КампусФранс, на адресата дадена подолу. Ниту еден друг документ нема да биде примен по тој датум (освен потврдата за дефинитивниот прием).

За сите дополнителни информации, можете да се обратите во:

Одделот на Кампус Франс во Францускиот институт
Градски yид, блок 5, П. Фах 388, 1000 Скопје
Тел: 02 / 3129 288

Лице за контакт : Г-ѓа Сузана Пешиќ 
е маил: suzana.pesik@ifs.mk

Краен рок за пријавување: 30 април 2016

publie le 16/02/2016

hautdepage