Средба со градоначалникот на општина Битола [fr]

Амбасадорот на Франција во рамките на посетата на општина Битола, оствари средба со градоначалникот, господинот Владимир Талески.

Двајцата соговорници ги истакнаа одличните традиционални односи на соработка и разговараа за прашања поврзани со активностите од областа на образованието и култура, но и за одбележувањето на двете годишнини во 2018 година: стогодишнината од Првата светска војна и педесетгодишнината од збратимување со францускиот град Епинал.

Kако град страдалник во војната од 1914-1918 уште во 1924 година го добила големото одликување - “Францускиот Воен Крст”.

publie le 20/03/2017

hautdepage