Прием на 14 јули 2016 во дворот на амбасадата [fr] [sq]

Приемот по повод државниот празник оваа година, се одржа во дворот на амбасадата.

© photos Milan Strezovski

Прославата на францускиот државен празник, 14 јули, како и минатата година, се одржа во градините на Амбасадата на Република Франција.
На приемот што го организираше Н.Е. Госпоѓата Лоренс Оер, Амбасадор на Франција, присуствуваа високи претставници на Владата и на дипломатскиот кор, граѓани, воени и верски претставници од сите средини и се разбира,
голем број припадници на француската заедница во Македонија.

Квалитетот на приемот во голема мерка се должеше на ангажманот на дарежливите спозори, француски и македонски фирми - партнери на Амбасадата и Францускиот институт во Скопје: Талес, Пежо, Ибис, Тиквеш, Димотранс, Перно Рикар, АГС и Пастел.

Амбасадата на Франција им се заблагодарува на сите учесници и спонзори кои придонесоа за успехот на овој настан.

Говор на Н.Е. Г-ѓа Лоренс Оер

Господа Потпретседатели на Владата, Господа Министри,
Дами и Господа градоначалници и пратеници,
Драги пријатели на Франција и на Македонија,
Дами и Господа,

Со огромно задоволство Ве пречекувам по четврти пат заедно со колегите од Амбасадата и од Институтот во дворот на Амбасадата на Франција за да го прославиме нашиот национален празник. По година на радост - организирањето на Европското фудбалско првенство, на КОП 21 (Конференцијата за климатски промени) и Самитот во Париз за земјите од Балканот - но и година на страдање, со атентатите во Париз, можам да се уверам колку Франција е почитувана овде, сакана и очекувана за економскиот и европскиот развој.
Напорите кои ги прави Амбасадата веќе една година се постојани за решавање на политичката криза но и регионалната перспектива за европска интеграција на земјите од Западен Балкан. Бев особено горда што на 4 јули ја придружував македонската делегација на бизнис Форумот во рамки на Самитот во Париз и на потпишувањето на РЅЦО, основањето на регионалната канцеларија за млади. Убедена сум дека приоритетите кои беа дефинирани во Париз, а тоа се младите и регионалната економска интеграција ја претставуваат иднината на сите.
Претпријатијата кои вечерва се со нас и кои прифатија да ни помогнат во организацијата на овој прием ја споделуваат истата амбиција и јас сакам да им се заблагодарам на Талес, Публицис, Пежо, АГС, Димотранс, Тиквеш, Пастел, Ибис и Перно-Рикар. Но не би имало економски развој без образование; Амбасадата оваа година отвори програма Идни таленти за обука на студенти во претпријатија. Посакуваме таа програма да се прошири и кон други сектори и универзитети за да можат македонските студенти да почнат практиканство во француски претпријатија. Ја добивме и акредитацијата за нашето Француско интернационално училиште Скопје за првите одделенија од основното училиште и се надеваме дека ќе ни се придружат што поголем број семејства: француски македонски но и од други националности.
Дами и Господа, оваа година ќе завршат и градежните работи за Музејскиот простор во Битола во рамки на Француските воени гробишта кој е посветен на сеќавањето од Првата Светска Војна. Сите наши напори за одбележување на Стогодишнината од овој конфликт на Источниот Фронт привршуваат, каде 70 000 Французи го положиле својот живот; а сето тоа со една единствена цел: на младите генерации да им се пренесат вредности за помирување и мир. Сето ова и го посакувам и на Република Македонија, во мое лично име но и во име на мојата земја, заблагодарувајќи им се на сите оние кои ми помогнаа во спроведувањето на мојата задача, особено на моите најблиски соработници со кои заедно го поминавме тој пат.

Да живее француско-македонското пријателство,
Да живее Републиката,
Да живее Франција.

publie le 31/07/2016

hautdepage