Француски филмски фестивал во Македонија, од 15 до 18 јуни 2016 [fr]

Деветтото издание на Францускиот филмски фестивал се одржа од 15 до 18 јуни во Скопје и во Охрид. Фестивалот се одржа со поддршката на партнерите на фестивалот: Регионот Нормандија, Охридска банка - Société Générale, l’Агенција за филм на РМ, Публицис, Peugeot-Македонија, F.A.M.E.’S. и град Охрид.

JPEG

Ова деветто издание беше одбележано со гостувањето на следните синеасти: Кристијан Венасан, режисер (неговиот филм „Судија“ се прикажа на затворање на фестивалот), добитник на почесната фестивалска награда и покровител на натпреварот за мини-видеа , Астрид Ветнал, актерка и почесна гостинка на вечерта на отворањето на фестивалот, главна улога во филмот „Патот за Истанбул“, и Нино Роше, актер и главна улога во филмот „Страв“.

JPEG

Отворањето на фестивалот се одржа на 15 јуни 2016 година, во кинотот „Милениум“, во присуство на актерката Асрид Ветнал, во полна сала со проекцијата на филмот „Патот за Истанбул“.

JPEG

На проекцијата и’ претходеа говорите на г-ѓа Астрид Ветнал и на г-ѓа Изабел Марки-Барбо, директорка на Францускиот институт во Скопје.
Во рамките на фестивалот беше одржана професионална средба во Агенцијата за филм, со г-дин Жилијен Езано, Советник за билателарна соработка во Националниот центар за филм на Франција, и со г-ѓа Одре Бијар, една од членовите основачи на фестивалот Off Courts од Трувил, а во присуство на бројни професионалци од сферата на филмот во Македонија.

JPEG

Натпреварот „моето мини-видео за слобода на изразување“ беше особено успешно во знакот на учество на македоснката младина, кои создадоа одлични и квалитетни видеа. Натправарот се одржа со поддршката на Регионот Нормандија (1-ва награда: учество на фестивалот Off Courts во Трувил), Охридска банка - Société Générale (2-ра награда: фото апарат) et Fames Project - Orchestral Music Recording (3-та награда: аудио слушалки).

JPEG

Фестивалот свечено беше затворен на 18 јуни во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во присуство на Кристијан Венсан, режисер, г-дин Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид, и Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција во Македонија. 

publie le 07/09/2016

hautdepage