Бизнис форумот Франција-југоисточна Европа привлече речиси 350 претпријатија [fr]

Бизнис форумот Франција-југоисточна Европа организиран од „Убифранс“ на 10, 11 и 12 февруари во Букурешт беше потврда за вистинските многубројни индустриски и трговски можности што француските претпријатија треба веднаш да ги искористат во Романија, но и во целата југоисточна Европа.
Настанот беше вистински успех бидејќи на него присуствуваа романскиот премиер Виктор Понта, амбасадорот на Франција и генералниот директор на „Убифранс“ Кристоф Лекуртие, 80 француски, 150 романски и 10 марокански компании дојдени во рамките на партнерскиот договор склучен меѓу „Убифранс“ и „Марок Експорт“ и речиси 100 претпријатија од другите земји од регионот, а имаше и голема медиумска покриеност и висока стапка на ефикасност на индивидуалните разговори.
Акцентот беше ставен на четири сектори што одговараат на приоритетните потреби на регионот и на квалитетот на француската понуда: инфраструктура, храна, здравје и техничка обука.
Третото издание на форумот ќе се одржи на крајот на 2015 година.

publie le 20/11/2014

hautdepage